Дури и најдолгото патување започнува со првиот чекор!
Ние им помагаме на младите да ги остварат своите сништа
Им нудиме можност да зачекорат во светот на претприемништвото!
Од идеја до реализација преку акција!
Идеја без акција не е сон!

04/09/2010 Започнаа обуките за почнување бизнис во Битола
На 03 септември, во Американското Катче во Битола започнаа бесплатни обуки за почнување на бизнис наменети...
 
02/09/2010 ПСМ Фондација додели награди за најдобри бизнис планови во Куманово
На 20 август, во просториите на Општина Куманово, се одржа свечено доделување на наградите за најдобар бизнис план...
 
25/08/2010 Бесплатни обуки за почнување на бизнис во Битола, Тетово и Струмица
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу млади жени во 4 региони во Македонија”,...
 

останати новости...

 
 
 

НОВОСТИ

 
Сертифицирани CISCO обуки "Започнување на бизнис"
06/05/2010
 
           ПСМ Фондација - Локален Институт за CISCO Entrepreneur Institute, овозможува обуки за млади луѓе за модулот Starting a Business.

За курсот
Starting a Business е практичен и сеопфатен курс кој претставува комбинација од онлајн материјали и сесии кои се одвиваат во училница. Содржината на курсот е специјално дизајнирана и им нуди на неговите учесници потребни знаења и вештини за успешно започнување и водење на бизнис. По завршувањето на курсот, учесниците ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат и вештини за подготовка и спроведување на детален бизнис план. Најдобрите три бизнис планови ќе добијат финансиска награда од ПСМ фондација, која ќе им помогне да основаат сопствен бизнис.

За кого се наменети обуките

Образовани и невработени млади луѓе кои сакаат да стекнат знаења и вештини потребни за успешно започнување на
мал бизнис.

Котизација за еден учесник

3075 мкд + ДДВ

Попуст
Доколку покрај вас пријавите уште двајца учесници, сите тројца на цената ќе добиете попуст од 615 мкд.

Времетраење
15 дена х 3 часа

Пријавување
Сите заинтересирани треба да поднесат CV (услов е компјутерско образование и познавање на англиски јазик) e-mail адреса: cisco@yesincubator.org.mk

 

© Copyright ПСМ Фондација 2007 :: Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира